Кожувчанка и Синалко нов партнер на МЗТ Скопје

2015 24 Ное

      Вчера, на 23.11.2015(понеделник), официјално, пред медиумите беше претставена новата соработка помеѓу престижниот Кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром и Компанијата со традиција Кожувчанка која е ексклузивен производител и дистрибутер на Синалко во Македонија.

Оваа сезона МЗТ Скопје освен во домашната, ќе не’претставува и во АБА лигата, што за Синалко и Кожувчанка како брендови кои функционираат и надвор од државата е од големо значење.

  По тој повод вчера се оддржа Прес конференција во просториите на Спортската сала Јане Сандански” на која се истакна ангажманот на МЗТ Скопје Аеродром како Кошаркарски клуб и поддршката од Кожувчанка и Синалко која тие ќе ја имаат во текот на престојната сезона.

 1

“Горди сме на новата соработка на Кожувчанка со Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје-Аеродром. Одлуката на менаџментот од Германија, од каде што доаѓа брендот Синалко заедно со компанијата Кожувчанка е да бидеме спонзори на најтрофејниот клуб во Македонија последниве 5 години. МЗТ стана Македонски препознатлив бренд особено по учеството во АБА лигата и во иднина се надеваме дека ќе имаме повод заедно да се радуваме на успешните резултати и промовирање на Македонската кошарка”- истакна претставник од Компанијата Кожувчанка, Ратко Мицев.

Задоволство од постигнувањето договор со новиот партнер има и во таборот на Македонскиот шампион.

 3

Новиот спонзор ќе биде мотив повеќе за една се надевам подолга соработка, а ние ќе возвратиме со добри игри во завршницата на АБА лигата”- изјави Видоја Секуловски, директор на МЗТ Скопје Аеродром.

  На Прес конференцијата присутни беа и кошаркарите Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац од редовите на МЗТ Скопје на кои им посакуваме успешна година на терен.

УниБанкаОпштина Аеродром

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page