Голема победа над Работнички за 17-то финале во Купот на Македонија!

Со голема желба, борбеност до фанатизам и буквално оставање на срцето на терен дојдовме до посакуваната победа над Работнички (81-76) за 17-то финале во Купот на Македонија.

Сите наши кошаркари одиграа најдобро, покажаа како се носи светиот плаво-бел дрес, без разлика што од нелогични причини ја немаа вообичаената поддршка од трибините. Војдан Стојановски беше вистински лидер со 18 поени и осум асистенции, Душан Танасковиќ заврши со 18 поени и 11 скока, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште Ејасу Ворку и Дамјан Стојановски со по 12 поени.

Наш утрешен ривал на патот кон посакуваниот 12. куп-трофеј ќе биде победникот од вечерашното второ полуфинале во Битола помеѓу Пелистер и Еуро Никел (19.30 часот).