Голем пад во второто полувреме за втор пораз во Првата лига!

МЗТ Скопје Аеродром вечерва го претрпе и вториот пораз на домашна сцена, откако во првиот меч од 13. коло од Првата лига загубивме на гостувањето кај Гостивар (69-88).

Без болните Страхиња Миќовиќ и Бојан Крстевски и без повредениот Кеандре Кук снемавме енергија во второто полувреме, кое противникот, пак, го одигра одлично и го доби со 48-29. Александар Бурсаќ со 16 поени и девет скока беше најпрецизен во сино-белата чета, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Дамјан Стојановски со 12, Мајк Кефи со 11 и Абдул-Малик Абу со 10 поени.

И покрај неуспехот остануваме сами на врвот со скор 11-2. Нашата екипа утре заминува за Подгорица, каде што в сабота ќе одигра исклучително значаен дуел од АБА-лигата против Студентски центар.