Два од два за сино-белите – сигурна победа и против Здравје Лесковац!

Втора победа во вториот пријателски меч за нашите момци во пресрет на новата сезона, овој пат на домашен терен против српскиот прволигаш Здравље Лесковац (81-72), откако претходно беа подобри на гостувањето кај десеткратниот грчки шампион, Арис.

Ова беше цврст и борбен дуел против исклучително агресивен противник, во кој го контролиравме резултатот во сите 40 минути и во кој победата не беше доведена во прашање. Шанса добија и помладите, а настапивме без полесно повредените Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Андреј Андоноски, како и без Адем Мекиќ и Бре Ајви.

Мајк Кафи беше најпрецизен со 16 поени, Самит Јигитоглу постигна 15 поени, Страхиња Миќовиќ и Дамјан Стојановски реализираа по 13 поени, додека Војдан Стојановски запиша 12 поени. Од останатите, Димитар Пандев постигна шест поени, Еван Максвел четири, а Андреј Магдевски два поени. На паркетот се појавија и Бојан Величковски, Димитар Иванов и Никола Василевски.

Следен контролен предизвик за сино-белата чета е „Земун купот“ во Белград (16 и 17 септеври) каде што ќе настапат уште и Младост Земун, Вршац и Борац Бања Лука, против кого ќе играме во петочното полуфинале.