Домашната сезона ја почнуваме со две по ред пресметки против ТФТ!

На вчерашниот состанок на Здружението на прволигашите беше одредено новото првенство да почне на 8 октомври и беше извршена ждрепка за одредување на распоредот за новата сезона, која посака МЗТ Скопје Аеродром уште во првото коло да ги одмери силите со актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на ТФТ.

Тоа значи дека претстојната домашна сезона ќе ја почнеме со две пресметки против ривалот од скопската населба Тафталиџе, со оглед што десетина дена претходно ќе се сретнеме и во веќе традиционалното издание на Суперкупот (28 септември).

Првото вечно дерби е закажано веќе за третото коло, кога на почетокот од номеври ќе му гостуваме на Работнички. Репризата на големото финале од минатата сезона против Пелистер е закажано за во 11. коло, кога во последниот меч на домашна сцена во 2022 година ќе гостуваме во Битола.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ (ПРВ ДЕЛ)

1. коло: ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

2. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Гостивар

3. коло: Работнички – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

4. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Академија ФМП

5. коло: Струмица – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

6. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Куманово

7. коло: Чаир 2030 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

8. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Еуро Никел

9. коло: Кожув – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

10. коло: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Феникс

11. коло: Пелистер – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ