„Адмирал“ е најновото засилување на спонзорскиот тим на МЗТ Скопје!

По комплетирањето на составот со кој ќе настапиме во претстојната сезона на домашна сцена и во АБА-лигата, продолжуваме со пополнување на спонзорскиот тим, чиј квалитет вооопшто не заостанува зад тој на тренерот Александар Петровиќ.

Од денеска, нов член на ростерот наши помагатели, без чија помош не би можеле да дојдеме до посакуваните цели, е компанијата „МА Гаминг“ ДООЛ Скопје, под чија капа спаѓа брендот „Адмирал“.

Автомат клубовите „АДМИРАЛ“ во Македонија се присутни од 2009 година од основањето на компанијата „МА Гаминг“ ДООЕЛ Скопје, како претставник на австриската компанија „НОВОМАТИК“. Во текот на повеќе од десет годишното постоење и успешно работење, компанијата се етаблираше како општествено одговорна компанија која е активно вклучена во сите сегменти на општествениот живот преку спонзорства и донации во повеќе области. До сега успешно се реализирани многу проекти во спортот, уметноста, културата, здравството и вложувања во локалната заедница, меѓу кои, секако, на самиот врв е помагањето на МЗТ Скопје Аеродром.

Местата во нашиот спонзорски тим не се ограничени, поради што се надеваме дека и други општествено-одговорни компании, каква што е компанијата што го претставува брендот „Адмирал“, ќе го препознаат нашиот труд, квалитет и желба за претставување на највисоко ниво не само на клубот, туку и на македонската кошарка во целост. Тоа значи дека ако сте фирма желна да врати во средината од која доаѓа и да вложи во најдоброто што го има нашата држава, сѐ уште имате време да ни се приклучите и да го „облечете“ сино-белиот дрес.

Верувајте дека нема да зажалите!