Дамјан Стојановски за историја во МЗТ Скопје!

Нашиот Дамјан Стојановски стана апсолутен рекордер во историјата на Куп на Македонија, освојувајќи вкупно 11 трофеи со МЗТ Скопје!

Со верност кон еден клуб, беспрекорно лидерство на теренот и посветеност кон тимот, Дамјан се етаблира како вистинска легенда, чиј придонес Аеродром ќе го памети засекогаш.

Капитен за вечност – Дамјан Стојановски, симбол на страста, карактерот и успехот на МЗТ Скопје!