Втора победа за една недела – МЗТ сигурен на гости кај Куманово
Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа втора победа за помалку од една недела на гостувањето кај Куманово (72-56), овојпат во рамки на 16. коло од Суперлигата, по неодамнешното освојување на куп-трофејот против истиот противник.
Клучен момент од натпреварот беше втората четвртина, која „сино-белите“ ја добија со 26-12 и практично го решија победникот уште на полувреме. И покрај отсуството на Мек Смит и Чарлс Гил поради ситни повреди, тимот одигра зрел и сигурен натпревар, а предноста во ниту еден момент не беше загрозена.
📊 Индивидуален учинок на МЗТ:
🔹 Илиајџа Мекејден – 14 поени, 4 скока
🔹 Марин Петков – 13 поени, 4 скока, 4 асистенции
🔹 Војдан Стојановски – 10 поени, 6 скока
🔹 Хуан Дејвис – 9 поени, 10 скока
🔹 Душан Танасковиќ – 6 поени, 11 скока
По оваа средба, следува пауза поради репрезентативните обврски, а следниот предизвик за МЗТ Скопје ќе биде домашниот дуел против КК Пелистер Битола, најверојатно на 6 март.