БРАВО: Нашите најмлади таленти први дојдоа до шампионскиот трофеј!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром од генерацијата до 12 години први го направија тоа што го посакуваме за нашите сениори, односно дојдоа до шампионскиот трофеј, откако синоќа во драматичен меч го совладаа тимот на Вардар со 49-47 (11-10, 19-16, 12-10, 7-11).
Клучната тројка која максимално нѐ приближи до посакуваниот триумф ја постигна Илија Коневски на две минути до крајот (48-45), за пехарот да го потврди Филип Ѓорѓиевски со едно прецизно слободно фрлање. Тоа беше негов 17. поен на средбата на која беше најефикасен со што нѐ одведе до недостижни 49-45, а за себе го осигура признанието за најкорисен кошаркар на финалето.

Честитки за тренерот Тео Митевски, останатите во неговиот стручен штаб и сите кошаркари кои настапија гордо во сино-белиот дрес сезонава за големиот успех, со надеж дека ќе продолжат да работат уште понапорно и еден ден ќе го повторат успехот и во најдобриот состав на МЗТ Скопје Аеродром.