Прва лига
Пораз на гостувањето во Чаир пред плејоф-фазата
МЗТ Скопје го претрпе поразот на гостувањето кај Чаир 2030 (68-76) во натпреварот од последното коло од регуларниот дел од МТЕЛ Супер лигата.
„Металците“ не успеаја да стигнат до посакуваниот резултат на ова гостување, но веќе го насочуваат фокусот кон следниот предизвик – разигрувањето за титулата.
Во плејоф-групата, МЗТ Скопје ќе одигра уште пет натпревари, од кои три на домашен терен и два на гости, во битката за што подобра позиција пред завршницата на сезоната.
Прв противник на „сино-белите“ во оваа фаза ќе биде екипата на Кожув, а терминот за одигрување на средбата ќе биде дополнително одреден.