Познат распоредот за плејоф-лигата – стартуваме против Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска го добија распоредот за натпреварите во новоформираната плејоф-лига во МТЕЛ Супер лигата, во која „сино-белите“ ќе одиграат вкупно пет средби – три на домашен терен и две на гости.

Првиот предизвик за избраниците на МЗТ Скопје следува веќе в сабота (11 април), кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат составот на Кожув. Натпреварот е закажан со почеток од 14 часот.

Во продолжение, „металците“ ги очекува густ распоред и серија важни дуели во борбата за што подобра позиција во плејофот.

Распоред на натпреварите:

  • 11 април: МЗТ Скопје – Кожув
  • 15 април: ТФТ – МЗТ Скопје
  • 18 април: МЗТ Скопје – Тиквеш
  • 22 април: МЗТ Скопје – Пелистер
  • 25 април: Маџари – МЗТ Скопје

Датумите се подложни на промена.