Пораз на гостувањето кај Кожув!

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва загубија на гостувањето кај Кожув (80-88) во рамки на 20. коло од Суперлигата, но сѐ уште го чуваат првото место на табелата со скор 18-2.

Тоа беше тврд и динамичен натпревар против мотивиран противник кој настапи комплетен, а победата на домаќините е заслужена. МЗТ настапи со значајни отсуства – без тројцата повредени репрезентативци Војдан Стојановски, Андреј Магдевски и Андреј Маслинко, како и без петтиот странец Хуан Дејвис.

Најефикасни во сино-белиот табор:

  • Илиајџа Мекејден – 18 поени, 6 скока
  • Мек Смит – 15 поени, 13 скока
  • Марин Петков – 12 поени, 5 асистенции

Следува недела за рехабилитација и напорни тренинзи, со цел максимална подготовка за вечното дерби против Работнички, кое ќе се одигра следната недела во „Јане Сандански“