Нова домашна победа – го чуваме врвот од табелата!

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва на домашен терен го совладаа тимот на Тиквеш со 88-85, запишувајќи уште еден триумф во низа и задржувајќи го лидерството во Суперлигата.

И покрај тоа што игравме без повредените Војдан Стојановски и Андреј Маслинко и без петтиот странец, Душан Танасковиќ, „сино-белите“ покажаа квалитет и зрелост и на крајот го решија натпреварот во своја корист, откако гостите играа максимално мотивирано и создадоа неизвесност до последните секунди.

🏀 Најефикасни кај МЗТ:
👉 Мек Смит – 18 поени, 7 скока
👉 Чарлс Гил – 16 поени, 2 скока
👉 Илиајџа Мекејден – 15 поени, 7 скока, 5 асистенции
👉 Марин Петков – 13 поени, 4 скока, 3 асистенции
👉 Дамјан Стојановски – 10 поени, 4 скока

Со оваа победа, МЗТ Скопје со скор 18-1 останува прв на табелата, со три кола до крајот на оваа фаза од Суперлигата. Следниот предизвик е гостување кај КК Кожув в сабота.