60 години МЗТ – победа за паметење во „Јане Сандански“

Кошаркарите на МЗТ Скопје на најдобар можен начин ја одбележаа 60-годишнината од клубот, забележувајќи убедлива победа над Пелистер со 87-73 во Суперлигата.

Неизвесноста траеше само на стартот, кога гостите ја добија првата четвртина со 19-18, но „металците“ брзо ја презедоа контролата. Со серија од 11-2 во втората четвртина дојдоа до првото значајно водство. По израмнувањето на 60-60 пред крајот на третиот период, МЗТ уфрли во петта брзина – последната четвртина ја добија со серија 13-3 и стигнаа до највисоки +15 (84-69) за сигурна победа и важни бодови во трката за врвот на табелата.

Најефикасен беше Илајџа Мекејден со 23 поени, 9 скока и 6 асистенции, додека Мек Смит постигна 16 поени и 4 скока. Чарлс Гил имаше 15 поени и 5 скока, а Марин Петков додаде 13 поени.

Со оваа победа, „сино-белите“ се израмнија на врвот на табелата со скор 16-1, продолжувајќи ја доминацијата и ја зацврстуваат позицијата во Суперлигата.