60 години МЗТ Скопје – славиме заедно!
Натпреварот против Пелистер беше почеток на серијата настани со кои МЗТ Скопје го одбележува големиот 60-годишен јубилеј на клубот.
Средбата беше збогатена со специјална кореографија од нашите навивачи, а присуствуваа голем број поранешни тренери, играчи и функционери кои оставиле неизбришлив белег во историјата на МЗТ. На полувремето дел од нив се симнаа на паркетот, каде заедно со директорот Филип Ѓоревски ги поздравија присутните и добија силен аплауз – уште една благодарност за сѐ што направиле за сино-белото семејство.
На теренот беа и нашите легенди:
🏀 Тренерите: Александар Књазев, Митко Луковски, Александар Домлевски и Александар Јончевски
🏀 Директорите: Видоја Секуловски и Сашо Босилков
🏀 Кошаркарите: Влатко Владичевски, Ѓорѓи Чековски, Гоце Талевски, Борис Нешовиќ, Борче Домлевски, Игор Пенов, Огнен Стојановски, Димче Гаштарски и Младен Ѓуроски
Историјата е голема, традицијата силна, а гладта за трофеи и понатаму е иста! МЗТ Скопје продолжува да гради успех и да инспирира генерации!