Пораз по драматична завршница во првиот меч од новата година!
Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз ја ја отворија 2026 година, откако на домашен терен беа поразени од Војводина (73-78) во натпревар од 6. коло во АБА 2 лига.
„Металците“ одиграа послабо прво полувреме во кое гостинскиот состав имаше контрола на резултатот и предност, но во вториот дел следеше сосема поинаква слика на теренот. Со одлична игра во одбраната и серија од 21-2, МЗТ направи целосен пресврт и поведе со 66-65, враќајќи се комплетно во натпреварот.
Сепак, во неизвесната завршница повеќе концентрација имаа гостите, кои успеаја да ја сочуваат предноста и на крајот да стигнат до победата со конечни 73-78.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Чарлс Гил со 17 поени, додека Марин Петков постигна 16 поени.
По шест одиграни кола, МЗТ Скопје има скор од 3-3, а до крајот на регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата му претстојат уште два натпревари – на домашен терен против Подгорица и на гостински терен кај Широки, во кои „сино-белите“ ќе ја бараат својата шанса за пласман во следната фаза.