Драматична победа во Бања Лука!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија голем и важен триумф на гостувањето во Бања Лука, совладувајќи го Студент (85-82) во меч од АБА Лига 2 исполнет со неизвесност до самиот крај.

„Металците“ речиси цел натпревар ја контролираа играта и резултатот, со предност која во неколку наврати достигнуваше и +14 поени. Но, домашниот тим со жесток финиш се врати во игра и избори трилер-завршница.

Херој на натпреварот беше капитенот Војдан Стојановски, кој погоди тројка буквално во последната стотинка од часовникот, потврдувајќи ја заслужената победа на нашиот тим и спречувајќи влез во продолжение.

Најефикасни поединци:

  • Илајџа Мекејден – 26 поени
  • Војдан Стојановски – 20 поени
  • Чарлс Гил – 15 поени
  • Дамјан Стојановски – 11 поени
  • Андреј Магдевски – 6 поени, 7 скока, 8 асистенции

Со овој триумф МЗТ Скопје ја продолжува позитивната серија, а веќе в сабота тимот го очекува ново тешко гостување – дербито во Битола против Пелистер.