Голема победа во Битола!

МЗТ Скопје Аеродром оствари голема и вредна победа на дерби дуелот од 6. коло во Суперлигата, совладувајќи го Пелистер во Битола со 72-67. „Металците“ одиграа зрело и цврсто, особено во дефанзивата, што се покажа како клуч за пресврт и сигурна игра во второто полувреме.

Иако тимот настапи без повредените Петков, Маслинко и Крстевски, избраниците на тренерскиот стручен штаб демонстрираа карактер, дисциплина и ширина во ростерот. По изедначено прво полувреме, МЗТ го контролираше ритамот во продолжението, не дозволувајќи му на ривалот да ја загрози победата во завршницата.

Најефикасен во нашите редови беше Илајџа Мекејден со 20 поени, а одлична партија прикажа и Чарлс Гил, кој запиша „дабл-дабл“ од 17 поени и 11 скока. Капитенот Војдан Стојановски додаде 10 поени, придонесувајќи во клучните моменти.

МЗТ Скопје следниот викенд се враќа на домашен терен, кога во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на ТФТ во уште еден важен суперлигашки предизвик.