Одредени термините за полуфиналето со Куманово

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со голема мотивација ја започнуваат полуфиналната серија од плејофот против екипата на Куманово. Серијата се игра до три победи, а првиот натпревар е закажан за петок (31 мај) во салата „Јане Сандански“.

Аеродромци имаат јасна цел – пласман во финалето и освојување на 12. титула во клупската историја. Поддршката од трибините секогаш била клучна, па клубот ги повикува сите навивачи да бидат шестиот играч и да ја исполнат салата во петок и вторник, кога се играат првите два меча од серијата.

Да тргнеме заедно кон уште едно финале и нова шампионска приказна!