МЗТ Скопје Аеродром лесно и убедливо го „преслуша“ Куманово

2017 10 Ное

Со подобра игра во текот на сите 40 минути и фантастичен шут од далечина, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром како го совладаа Куманово (106-90) во вечерашниот последен меч од 5. коло од Првата лига.

Новиот состав на „металците“ покажа одлична фокусираност во нападот, постигнувајќи 17 тројки и шутирајќи со 72-отстотна прецизност во ударите на два поени. Избраниците на тренерот Александар Тодоров во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да изненади. Најсилниот отпор од кумановци дојде во последниот период, кога намалија на минус четири (81-85), но нашите момци брзо вратија со осум поени во низа за крај на сите дилеми на оваа средба.

Бојан Трајковски со 27 поени со само три промашувања од поле (11/14) и пет тројки беше најпрецизен во составот на МЗТ Скопје. Никола Павличевиќ имаше фантастично деби со 21 поен со шест тројки, а сличен прв меч имаше и Доминик Мавра, кој средбата ја заврши со 17 поени. Повеќе од забележителен беше и Радосав Спасојевиќ со 19 поени со само едно промашување (8/9).

Сега пред МЗТ Скопје четири дена во кои ќе одиграме две средби и тоа прво в недела против Унион Олимпија во Љубљана во АБА-лигата, а во вторник ан домашен терен против Гостивар во домашното првенство.

3kozuvcanka logo.jpg4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и осум титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: АСНОМ БР.1, 1000 Скопје

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page