Print this page

Првиот тим на гости кај Кожув, младинците ќе го пречекаат Работнички

2019 09 Oct

Откажувањето на АВ Охрид од настапот во Првата лига „изнуди“ нова ждрепка за распоредот на натпреварите во елитата, која овој пат сакаше нашиот прв тим да почне на гости кај Кожув, додека младинците предводени од Горан Крстевски во „Јане Сандански“ да го пречекаат вечниот ривал Работнички.

Сениорите, пак, кои денеска му гостуваат на босански Спарс од АБА2-лигата, својата пресметка со центарци ќе ја имаат во 7. коло и тоа како гости, додека историската меѓусебна прволигашка пресметка на нашите две екипи ќе се случи веќе следниот викенд (19 октомври) во меч во кој првиот состав формално ќе ја има улогата на фаворит.

РАСПОРЕД ЗА ПРВИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

1. КОЛО

Кожув - МЗТ Скопје

МЗТ Младинска - Работнички

2. КОЛО

МЗТ Скопје - МЗТ Младинска

3. КОЛО

МЗТ Младинска - Вардар

Гостивар - МЗТ Скопје

4. КОЛО

МЗТ Скопје - Куманово

Кожув - МЗТ Младинска

5. КОЛО

МЗТ Младинска - Еуроникел

Пелистер - МЗТ Скопје

6. КОЛО

МЗТ Скопје - Академија ФМП

МЗТ Младинска - Гостивар

7. КОЛО

Куманово - МЗТ Младинска

Работнички - МЗТ Скопје

8. КОЛО

Еуроникел - МЗТ Скопје

МЗТ Младинска - Пелистер

9. КОЛО

Академија ФМП - МЗТ Младинска

МЗТ Скопје - Вардар