Загубивме, ама не се посрамотивме против првакот на АБА!

Со три четвртини во кои бевме речиси во егал и со само еден период во кој противникот доминираше (13-26) и во кој дојде до убедлива предност, нашите момци загубија на вечерашното гостување кај Црвена Звезда (67-87) на стартот од сезоната во АБА-лигата.

Бевме конкурентни во шутот, имавме шест скока повеќе (34-28), но осумте загубени топки повеќе (13-5) и полошиот процент на шутот од линијата за слободни (61.5-84.2) се покажаа како клучен фактор во неуспехот. Но, радува борбеноста и добрата игра во нападот во второто полувреме, што треба да биде основа на која треба да се крева формата и да се игра подобро.

Војдан Стојановски со 17, Бојан Крстевски со 14 и Страхиња Миќовиќ со 12 поени беа лидери во нашиот тим, додека одлично официјално деби во сино-белиот дрес имаше Самит Јигитоглу со дабл-дабл ефект (12 поени и 14 скока).

Следува период во кој треба да се работи уште понапорно бидејќи веќе во следното коло ни доаѓа уште еден белградски евролигаш и тоа Партизан, меч закажан за в понеделник во „Јане Сандански“.