Прва лига
Втора победа над Пелистер, в недела е првата шанса за десетта титула!

Без поголеми проблеми, нашите момци вечерва го направија и вториот чекор на патот кон јубилејната десетта титула, откако уште еднаш излегоа како победници во пресметката против Пелистер (75-67), одново на домашен терен.
Клучна беше серијата 18-4 во првото полувреме, а во втората дојдовме до највисоките плус 15 (42-27), кои умешно ги задржавме до крај. Војдан Стојановски беше лидер со 23 поени, додека одлични беа уште Абдул-Малик Абу со 15 поени и Мајк Кафи и Андреј Андоновски со по 12 поени.
Првата шанса за потврда на доминација и официјализација на двојната круна ќе ја имаме веќе в недела, за кога е закажан третиот финален дуел и тоа во Битола.