Со тројки и одличен скок го торпедиравме Широки!

Со фантастична игра во второто полувреме (49-35), нашите кошаркари дојдоа до убедлива победа во дерби-дуелот против Широки (91-78), ептен значајна во „ловот“ на првото место по регуларниот дел од сезоната во НЛБ АБА2 лигата.

Ова беше наш прв меч на турнирот чиј домаќин е нашиот вечерашен ривал, во кој покажавме стабилна игра во одбраната, доминација во скокот (33-25), како и фантастичен шут за тројка со 11 погодени „проектили“. Серијата 14-4 во вториот период ни го донесе првото поопипливо водство (39-32), а во третата четвртина со осум поени во низа да дојдеме до плус 15 (61-46) најавувајќи го големиот триумф.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше најефикасен во нашиот тим, Немања Милошевиќ оствари дабл-дабл со 14 поени и 12 скока, додека Војдан Стојановски постигна 12, Хуан Дејвис 11, а Роберт Рикиќ 10 поени.
МЗТ Скопје останува осамен на втората позиција со скор 9-2, зад Борац Бања Лука, кој има 9-1 со меч помалку, а кој е наш следен ривал, во четврток исто така во салата „Пецара“ во Широки Брег.