Рутинска победа над ФМП како загревање за дуелот со Морнар!

Убедлива победа за нашите момци вечерва против Навико Академија ФМП (77-58) во последниот меч од 4. коло од македонската Прва лига, по кој имаме скор 3-1.
Ова беше рутинско одработување на обврската, кое донесе поголема минутажа за тие што досега играа помалку, со цел кај никого да не дојде до прекумерен замор во пресрет на обврската во АБА следниот викенд. Плаво белите по нецели осум минути веќе имаа двоцифрено водство (18-7), а единствена енигма до крајот беше само со колкава разлика ќе биде изразен нашиот триумф.
Димитар Пандев со 12 поени и шет скока беше најпрецизен во нашиот тим, Андреј Магдевски постигна 11 поени со седум скока и пет асистенции, додека двоцифрен беше и Андреј Андоноски со 10 поени и седум скока. Војдан Стојановски и Еван Максвел воопшто не беа во составот за оваа средба, а на клупата без воопшто да влезат останаа Страхиња Миќовиќ и Мајк Кефи.
Ова беше и своевидно загревање за исклучително важниот натпревар в петок против Морнар (18 часот), кој исто така ќе го одиграме на домашен терен во склоп на шестото коло од регионалното натпреварување.