Робев: Пресудија скоковите и нашето искуство – горд сум на сите момци!

Дамјан Робев беше икс-факторот во синоќешната драматична победа над Пелистер (62-60), која ни го донесе 12-тиот трофеј во Купот на Македонија. Тој блесна кога ни беше најпотребно, а секој од неговите кошеви беше – злато вреден. Поради тоа, апсолутно заслужено беше прогласен за МВП на финалната пресметка.

„Вакви натпревари се добиваат со голема желба и борбеноста, а ние тоа го имавме, особено во второто полувреме. Пресудија скоковите и нашето искуство. Заслужено победивме. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа во Битола. Честитки за моите соиграчи, заеднички успеавме да преземеме одговорност во клучните моменти, особено кога останавме без Војдан, а потоа и без Дамјан на паркетот. Горд сум на сите момци – заеднички покажавме карактер“, изјави Робев.