Прес-конференција како најава за спектаклот во Аеродром!

КК МЗТ Скопје Аеродром на 12 април (вторник), со почеток во 11 часот, во салата за медиуми во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе одржи прес-конференција на која ќе биде најавен претстојниот завршен турнир од НЛБ АБА2 лигата (13 до 17 април).

Истовремено, собирот ќе биде искористен за промоција на победничкиот пехар и медалите наменети за најдобрите сезонава во ова регионално натпреварување. На средбата со новинарите ќе присуствуваат градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, спортскиот директор на АБА, Милија Војиновиќ и извршниот директор на нашиот клуб, Филип Ѓоревски.

На прес-конференцијата ќе бидат и поделени акредитациите за новинарите кои изразија желба да ја покријат спектакуларната завршница од НЛБ АБА2 лигата.