Андреј Магдевски успешно опериран!

Нашиот Andrej Magdevski денеска беше успешно опериран по тешката повреда на коленото, добиена на неодамнешниот домашен меч против Тиквеш. Тој се повреди при еден од карактеристичните пробиви кон противничкиот кош, по што по низа лекарски консултации беше решено дека е неопходен оперативен зафат.

Плејмејкерот на МЗТ Скопје и на репрезентацијата на Македонија беше опериран од доктор Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија во болницата „Аџибадем Систина“, која со години наназад е наш голем пријател и место каде што ги „лечиме раните“ по тешките битки на домашна и меѓународна сцена. Големо благодарам за докторот и за целиот персонал на нашиот партнер на полето на здравството, со надеж дека нивните услуги во иднина ќе ни требаат сѐ поретко.

На Андреј, пак, му посакуваме успешно постоперативно опоравување, а потоа и успешна рехабилитација, со надеж дека во рекорден рок ќе го видиме назад на кошаркарскиот терен.