Петков најмалку до 2027 ќе игра во сино-белиот дрес!

Еден од најперспективните македонски кошаркари во моментов, Марин Петков (21 год, 192 см), најмалку до 2027 година ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска го продолжи договорот на уште дополнителни две сезони.

Тој лани дојде во нашиот клуб кога потпиша двегодишна соработка, а управата на клубот реши да го „врзе“ на подолг период без да чека да му заврши актуелниот договор. Причина за тоа е вербата во неговиот талент и квалитет, заедно со очекувањата дека во блиска иднина ќе биде еден од носителите на играта на нашиот тим.

Петков минатата сезона настапи на 13 средби во АБА2-лигата на кои доби десетина минути во просек да покаже што знае, додека во домашното првенство одигра 30 средби со просек од 5,3 поени и 2,7 асистенции.