Миќовиќ со дабл-дабл за паметење донесе победа над ТФТ!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва, на домашен терен, дојдоа до убедлив триумф над ТФТ (91-81) во првиот меч од Првата лига во новата година, што ни беше десетта победа по ред на домашна сцена.

По релативно изедначеното прво полувреме (54-54), сино-белите кон средината на третиот период за само неколку минути постигнаа 17 поени во низа и се одлепија на 78-61 со што го најавија крајниот епилог. Противникот, сепак, не се предаде, се обиде да се врати во игра па дојде дури и на само четири поени негатива (79-83), но нашите момци со осум поени по ред не дозволија изненадување и ја потврдија победата.

Ова беше партија за паметење на Страхиња Миќовиќ, кој средбата ја заврши со монструозен дабл-дабл (34 поени и 17 скока), додека браќата Војдан и Дамјан Стојановски постигнаа 14 односно 12 поени. Мајк Кефи реализира 10 поени со четири асистенции, а Александар Бурсаќ имаше учинок од шест поени и девет скока.

Со овој успех, МЗТ Скопје Аеродром се зацврсти на првото место на табелата со скор 11-1. Наш следен предизвик е дуелот против Будуќност, закажан за в сабота во „Јане Сандански“.