Лесна и убедлива победа над Шибенка – втора на турнирот во Нови Сад!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до шестиот триумф сезонава во АБА2 лигата, откако вечерва го совладаа тимот на Шибенка (93-77) во последниот меч на турнирот во Нови Сад, а втор за наиот тим на турнирот во Нови Сад.

Неизвесноста во натпреварот траеше само во првите неколку минути, кога противникот поведе со 9-4 по што вративме со десет поени во низа, го презедовме водство кое не го испуштивме до самиот крај. До крајот само ја зголемувавме позитивата до највисоки плус 24 (79-55) пред крајот на третиот период, по што рутински го привршивме дуелот со хрватскиот претставник.

Харис Делалиќ беше прво име во нашиот тим со 16 поени, пет скока и четири асистенции, а веднаш зад него беа Марко Баковиќ со 15 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 15 поени и шест асистенции. Двоцифрен поентерски ефект имаа уште Војдан Стојановски и Седрик Расел со по 11 поени, како и Душан Танасковиќ со 10 поени.

МЗТ сега е петтопласиран со скор 6-3 во пресрет на последниот меч на турнирот во Нови Сад, кој ќе го одиграме в недела против домашната Војводина (18 часот).