Капитенот го доби пехарот во трајна сопственост од ланскиот Куп на Македонија

Нашиот капитен, Дамјан Стојановски, денеска го прими пехарот во трајна сопственост на клубот за ланскиот триумф во Куп на Македонија, награда која ја потврдува традицијата и успехот на МЗТ Скопје.

Ова е веќе традиционален вовед пред претстојната завршница од Купот, која годинава ќе се игра во Куманово од 13 до 15 февруари. Нашите кошаркари ќе ја започнат битката за 14. куп-трофеј во четврт-финалниот дуел против Работнички, закажан за петок во 14:30 часот.

МЗТ Скопје ќе се обиде да ја продолжи својата доминација и традицијата на успеси во Купот, со цел нов трофеј за витрините на клубот.