Кадетите на МЗТ со сребрен медал на завршниот турнир во М-14 лигата
Кадетскиот состав на МЗТ Скопје ја заврши сезоната со сребрен медал, откако во финалето на завршниот турнир од М-14 првенството беше поразен од екипата на Работнички со 59-80.
И покрај поразот во финалната пресметка, овој резултат претставува голем успех за сино-белите, кои во текот на целата сезона покажаа посветеност, борбеност и квалитетна игра. Ова е втор медал за младинските категории на клубот во краток временски период, по бронзата која претходно ја освои генерацијата поинерчиња (две години помлади).
Од клубот истакнуваат дека се особено горди на трудот и ангажманот што младите кошаркари го вложија како на тренинзите, така и на натпреварите, гледајќи во нив сигурна основа за иднината на МЗТ Скопје. Потенцираат дека со континуирана работа и уште поголема посветеност, генерацијата може да биде столб на првиот тим во годините што доаѓаат.
Клубот упатува искрени честитки до сите играчи, тренерскиот штаб и семејствата кои несебично ги поддржуваат нашите млади надежи.
Браво, момци!