Блесок на браќата Стојановски за стартно плејоф-водство против Кожув!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром очекувано дојдоа до триумф во вечерашниот дуел на домашен терен против Кожув (83-69), прв од четвртфиналната плејоф-серија што се игра до две победи.

Гевгеличани делумно нѐ изненадија во првото полувреме, кое го завршија со десет поени разлика (49-39). Но, тоа како да ги налути нашите момци, пред сѐ браќата Војдан и Дамјан Стојановски, кои беа главни во фантастичното второ полувреме на шампионот, кое беше добиено со 44-20.

Пресвртот беше направен уште во третиот период и тоа со серија 18-2 со која „металците“ дојдоа дури и до опиплива предност (57-51), која до крајот само ја зголемија. Сино-белите во 15. минута останаа без тренерот Драган Николиќ, кој беше исклучен поради влегување во знак на протест од судиските одлуки, при што случајно се судри со противнички кошаркар, како и без Абдул-Малик Абу, кој беше отстранет од игра поради напуштање на клупата за време на инцидент.

Братскиот тандем Стојановски доминираше на двете страни на теренот, што се гледа и од фактпт што заедно постигнаа скоро две третини од поените на МЗТ, а и двајцата беа на чекор до дабл-дабл ефект. Војдан беше најефикасен со 29 поени и седум скока, додека Дамјан ја заврши средбата со 21 поен и девет скока.

Втората средба во серијата се игра в среда или в четврток.