„All Electric“ е нов член на нашиот спонзорски тим!

Со гордост може да потврдиме дека од оваа сезона дел од спонзорскиот тим на нашиот клуб е холдинг-компанијата „All Electric“, чија цел е продолжување на семејните трговски активности со најнови иновативни технологии во областа на електричните возила и соларната енергија.
Нивна цел е најновите технологии да бидат достапни на пазарот во нашата држава, со желба секогаш да бидат во тек со најновите иновации во областа и пошироко. Целосно електричните возила се прифатени од природата бидејќи немаат штетни влијанија, а се прифатени од луѓето со еколошка свест и потреба за поекономичен транспорт, без бучавост и вибрации, без миризби и без потреба за одржување со менување на масло кое може да заврши во природата или на улиците.
„All Electric“ ја има најдобрата специјализирана продавница за електрични велосипеди и тротинети во Македонија, каде што може да се најде и разновидна опрема за велосипеди и за моторциклисти од најдобрите светски брендови. Секако со најдобри цени.