Драматична победа во Негорци – МЗТ останува непоразен во Суперлигата!
Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва ја забележаа уште една тесна, но заслужена победа на гостувањето кај ТФТ (70-69), откако натпреварот траеше речиси два часа и понуди голема драма до последните секунди.
Победата беше потврдена на неколку секунди пред крајот, кога Мек Смит погоди едно слободно фрлање, а второто намерно го промаши за да не остави време на противникот за последен напад. Клучен пресврт МЗТ направи со серија од 23-5 во второто полувреме, со која поведовме 65-57 и го трасиравме патот кон новиот триумф.
🏀 Најефикасни кај МЗТ:
👉 Чарлс Гил – 16 поени, 4 скока
👉 Мек Смит – 13 поени, 4 асистенции
👉 Илиајџа Мекејден – 9 поени, 7 скока
👉 Душан Танасковиќ – 8 поени, 7 скока
👉 Марин Петков – 8 поени, 5 скока
📊 Со овој триумф, МЗТ Скопје го зачува скорот од 17-1 и останува лидер на табелата, со четири кола до крајот на оваа фаза од Суперлигата.