АБА Лига
Пораз во „маратон“ со две продолженија кај Широки!
Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија во последниот меч од регуларниот дел од сезоната на гостувањето кај Широки (109-111), по натпревар од два и пол часа и две продолженија.
И покрај максималниот напор и борбата до последната секунда, „сино-белите“ не успеаа да стигнат до триумф со потребната разлика, при што се почувствуваше отсуството на повредените Војдан Стојановски и Андреј Маслинко.
Сега фокусот се префрла на домашното првенство и предизвикот во дерби-дуелот против ТФТ, кој ќе се одигра в петок – неочекувано на теренот во Негорски Бањи.