МЗТ рутински ја продолжи победничката серија
Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа убедлива победа над Ангели од 95-74 и го продолжија одличниот ритам во Суперлигата, каде што сега имаат скор од 13-1.
И покрај тоа што „сино-белите“ настапија без Војдан Стојановски, Андреј Магдевски и Душан Танасковиќ, кои добија заслужен одмор, тимот ја покажа својата ширина во ростерот и уште од самиот почеток го контролираше натпреварот, не дозволувајќи му на противникот да се доближи резултатски.
Најефикасен во редовите на МЗТ беше Чарлс Гил со 22 поени и 5 скока. Марин Петков постигна 15 поени и додаде 3 асистенции, Мек Смит натпреварот го заврши со 14 поени, 4 скока и 4 асистенции, додека Илајџа Мекејден имаше одличен настап со 11 поени, 5 скока и 6 асистенции.
Следниот натпревар МЗТ Скопје ќе го одигра против Гостивар в сабота (7 февруари) повторно во СЦ „Јане Сандански“, по што „металците“ ги очекува настап на завршниот турнир од Купот на Македонија, кој ќе се одржи во Куманово од 13 до 15 февруари, натпреварување во кое МЗТ традиционално има највисоки амбиции.