Помладите пионери продефилираа со бронзените медали!
Покрај важната победа над Куманово (82-76) во полуфиналната серија од плејофот, МЗТ Скопје синоќа доби уште една причина за гордост. Пред почетокот на натпреварот, на теренот на „Јане Сандански“ продефилираа најмладите надежи на клубот – кошаркарите од генерацијата до 12 години (помлади пионери), кои ги претставија бронзените медали освоени на неодамнешниот фајналфор-турнир што се одржа во Тетово.
Младите „штркчиња“, под водство на тренерите Мартин Анчевски и Тео Митевски, го направија првиот значаен чекор во својата кошаркарска приказна, освојувајќи го третото место на силниот младински турнир. Со ова постигнување, тие не само што ја збогатија витрината на клубот со нови медали, туку и им испратија силна порака на другите генерации – дека со работа, посветеност и страст може да се стигне до врвот.
Имињата на Давор, Андреј, Анес, Адис, Коста, Тино, Горјан, Марко, Давид, Јаков, Стефан, Лука и Калин веќе се запаметени како дел од една ветувачка генерација што влева надеж за иднината на МЗТ Скопје.
Од клубот им упатуваме голема честитка на овие млади момци, со порака да продолжат со истата енергија и пожртвуваност. Нивното време допрва доаѓа!