МЗТ убедлив и во вториот четвртфинален дуел против Феникс
Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до втората победа во четвртфиналната серија од плејофот против екипата на Феникс, совладувајќи го противникот со убедливи 87-55 и со тоа поведоа со 2-0 во серијата.
Аеродромци уште еднаш демонстрираа доминација на теренот во СЦ „Јане Сандански“. По првото полувреме во кое стекнаа предност од 10 поени (42-32), избраниците на тренерот Васко Атанасов одиграа фантастична трета четвртина која ја добија со 33-11, со што практично го решија победникот.
Андреј Андоноски беше најефикасен со 15 поени и 7 скока, а двоцифрени учиноци имаа и Дион Едвин (12 поени, 6 скока), како и Андреј Магдевски и Дамјан Стојановски кои реализираа по 10 поени, притоа Магдевски запиша 5 асистенции, а Стојановски 5 скока.
Третиот натпревар од серијата се игра во среда (30 април), повторно во „Јане Сандански“, но со Феникс како формален домаќин.