МЗТ со пораз го затвори регуларниот дел од сезоната!
Кошаркарите на МЗТ Скопјесо пораз од 75-80 против екипата на Тиквеш на домашен терен го заокружија регуларниот дел од првенството, откако уште пред неколку кола ја осигураа првата позиција на табелата пред стартот на доигрувањето.
„Металците“ настапија без тројцата повредени играчи – Андреј Маслинко, Марин Петков и Марко Миловановиќ – што даде можност за зголемена минутажа и истап на останатите членови на тимот.
Најефикасен кај МЗТ беше Дион Едвин со 19 поени и осум скока, а двоцифрен поентерски ефект имаа и Бојан Крстевски со 12 поени и капитенот Војдан Стојановски. Забележителен настап имаше и младиот Андреј Андоноски, кој оствари шест поени и седум скока, од кои дури четири беа во офанзивата.
Сега целото внимание се насочува кон најважниот дел од сезоната – плејофот, каде МЗТ Скопје ќе ја започне својата одбрана на титулата следниот викенд со четвртфинален натпревар на домашен терен. Противник ќе биде екипата на Феникс или Тиквеш, а конечниот распоред ќе биде познат утре навечер по завршувањето на последните натпревари од колото.