Куп на РМ
МЗТ по 18-ти пат во финалето од Купот!
Нашите момци повторно покажаа кој најдобро се снаоѓа во најважните моменти! Со убедлива победа над Пелистер (103-88) во Гевгелија, МЗТ Скопје обезбеди место во своето петто по ред, а вкупно 18-то финале во Купот на Македонија.
Од самиот почеток ја презедовме контролата врз натпреварот, а нашите бекови со агресивна игра поставија темпо кое ривалот не можеше да го следи. Најефикасен беше Андреј Маслинко со неверојатни 29 поени без промашување (10/10 од поле), Марин Петков додаде 14 поени, Војдан Стојановски додаде 11, а Андреј Магдевски 10 поени со шест асистенции!
Утре, со почеток од 19.30 часот, нѐ очекува битка за 13-тиот трофеј! Кој ќе ни се спротивстави, ќе дознаеме по вечерашниот дуел помеѓу Кожув и Гостивар.