Нова моќна победа над Работнички!
Нашите момци со маестрална игра и на преубедлив начин го добија вечерашното дерби против Работнички (97-63) одиграно во Гевгелија, со што обезбедија место во полуфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур!
Целосно доминиравме против некогаш најголемиот ривал, со што дојдовме до 13-тата победа во последните 14 меѓусебни дуели! Пресудна беше цврстата одбрана и прецизната игра во второто полувреме. Дион Едвин со 16 поени, Маслинко со 14 поени и Петков и Копривица со по 13 поени беа лидерите на нападот.
Следен предизвик е полуфиналниот дуел со Пелистер. Колку и да доминиравме вечерва, време за славје нема. Имаме уште два чекори до зацртаната цел – 13-ти трофеј во куп-натпреварувањето. Кој може нека дојде утре да ни помогне – секоја помош е драгоцена!