Уште еден „тесен“ пораз против Хелиос!

Нашите кошаркари загубија на вечерашното гостување кај Хелиос (67-68), во натпревар со драматичен финиш, во кој Брендон Слај не го реализира последниот шут за победа, а на што, пак, претходеше неспортска грешка на Дион Едвин, која дефинитивно е за дополнителна анализа.

Иако првото полувреме го завршивме со двоцифрена негатива, момците во сино-бело заиграа одлучно во вториот дел. Третата четвртина ја почнавме со серија од 13 поени и ја преземавме иницијативата, со предност од плус четири во неколку наврати. Едвин на влезот во последната минута при водство 67-66 не реализира низ шума од раце од под кошот, а потоа му беше досуден спорниот прекршок.Тој заврши со 16 поени, пет скока и пет асистенции, а веднаш зад него беше Слај со 15 поени.

Остануваат уште две средби за борба за пласман во следната фаза од АБА2, за што дефинитивно ни е потребна и голема физичка и морална поддршка од сите наши навивачи и симпатизери!