Лесно го преслушавме Работнички во СРЦ „Кале“

Екипата на МЗТ Скопје дојде до убедлива победа во мечот против Работнички со резултат 70-56, во рамките на 3. коло од Првата МТЕЛ лига.

Победата беше обезбедена уште во првата четвртина, во која нашите момци постигнаа неверојатна серија од 22-0, покажувајќи му на ривалот дека нема шанси и покрај тоа што беше домаќин.

И покрај прекинот од 90 минути поради лоша организација, тимот на МЗТ не ја изгуби концентрацијата и до крајот рутински ја задржа предноста. Најефикасен во нашиот тим беше Милош Копривица со 15 поени и 7 скока. Дамјан Стојановски и Марко Баковиќ дополнително го поддржаа тимот со 11 односно 10 поени.

Следниот предизвик за МЗТ Скопје е натпреварот против Хелиос во АБА2 лигата, кој е закажан за 23 октомври (среда) на домашен терен во „Јане Сандански“.