Шести по ред, а вкупно седми трофеј во Суперкупот!
Кошаркарскиот тим МЗТ Скопје Аеродром продолжи со доминацијата на домашната сцена, освојувајќи уште еден трофеј во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ и тоа со вечерашната победа над Пелистер (78-64).
Најголемиот придонес за победата дојде во второто полувреме, каде што „металците“ обезбедија убедлива предност од 43-27, потврдувајќи ја својата супериорност. Натпреварот започна со водство на МЗТ од 10-5, но Пелистер успеа да се врати и да ја заврши првата четвртина со пресврт (21-19). Во втората четвртина, битолчани стигнаа до највисокото водство од седум поени (31-24), но МЗТ се избори за минимално намалување на разликата до полувреме (35-37).
По паузата, Пелистер пружи отпор само во првите пет минути од третата четвртина, но потоа МЗТ ја презеде иницијативата и ја врати контролата врз играта, влегувајќи во последниот период со предност од 56-50. Тимот од Аеродром во завршните десет минути го зголеми водството, кое во еден момент изнесуваше и 11 поени (61-50), и без многу потешкотии го обезбеди победничкиот пехар.
Брендон Слеј беше најефикасен кај МЗТ со 14 поени, три асистенции и три скокови. Ова беше шести по ред, а вкупно седми трофеј за нашиот клуб во Суперкупот.