Почина нашиот поранешен тренер – легендарниот Лазар Лечиќ!

Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина Лазар Лечиќ, човекот за кого слободно може да се каже дека ја измисли кошарката во Македонија.

Популарниот Грк, меѓу другoтo, беше тренер и на МЗТ Скопје Аеродром и тоа во два наврати – прво во периодот помеѓу 1983 и 1988 година, кога нашиот клуб играше и две сезони во најсилната лига во поранешна СФР Југославија, а потоа и во 1996 година кога го освоивме трофејот во Купот на Македонија во салата „Градски парк“. Освен во нашиот клуб има работено и како предводник на Работнички, Никол Ферт, Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација, која во 1970 во Љубљана ја освои светската шампионска титула.

Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“. Погребот на Лечиќ ќе биде утре (14. август) на гробиштата Бутел од 10.30 часот.