АБА Лига
Противници за респект во првата фаза од новата сезона во АБА2!
Денешната ждрепка ни донесе противници кои не смеат да се потценат во првата фаза од новата сезона во АБА2, која ќе се игра со поголен број екипи, без „балони“ и со нов систем за натпреварување.
Словенечки Хелиос и хрватска Цедевита јуниор ќе ни бидат најголеми конкуренти во битката за едно од првите две места во групата А, кои водат во втората рунда по групи. Улогата на аутсајдер ќе ја има црногорскиот претставник Теодо, кој во лигата влезе со специјална покана која ја плати 25.000 евра. Најдобрите два тима од двете групи од втората фаза ќе се пласираат во полуфиналето, кое ќе се игра до две победи исто како и големото финале.
Првенството почнува на 24 септември, а првиот меч ќе го одиграме против Теодо на домашен терен.