Убедлива победа во дербито со ТФТ!
Екипата на МЗТ Скопје ја продолжи победничката серија со уште една сигурна и шампионска партија, совладувајќи го составот на КК ТФТ АД Скопје со 80-67 во дерби-натпреварот од 7. коло на МТЕЛ Суперлигата. Средбата претставуваше и реприза на минатосезонското плејоф-финале, а „сино-белите“ уште еднаш покажаа стабилност, дисциплина и квалитет.
МЗТ Скопје влезе одлично во мечот, отворајќи го со серија 15-5, што брзо донесе двоцифрено водство. Избраниците на стручниот штаб умешно ја контролираа предноста во текот на целиот натпревар, стигнувајќи и до максимални +17, а конечниот резултат ја отсликува доминацијата на тимот во речиси сите сегменти од играта.
Најистакнати поединци:
- Илајџа Мекејден – 20 поени, 4 асистенции
- Андреј Магдевски – 17 поени, 5 скока
- Мек Смит – 13 поени, 5 скока
- Андреј Андоноски – 9 поени, 8 скока
Со оваа победа МЗТ Скопје го зацврстува врвот на табелата и ја одржува одличната форма во пресрет на европските предизвици.
Следен натпревар:
- 20 ноември (четврток)
- МЗТ Скопје – Јахорина (АБА2)
- Спортски центар „Јане Сандански“
Клубот ги повикува сите навивачи да го поддржат тимот и да создадат уште една победничка атмосфера на домашен терен.