Тодрик Гочер повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром!

Американецот Тодрик Гочер повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако за него беше платена откупната клаузула од договорот што го имаше со нашиот клуб во износ од 15.000 долари.

Тој кариерата ја продолжи во грчкиот прволигаш Месолонги, кој реши да ја плати предвидената сума за да го ангажира во своите редови. Гочер одигра релативно солидно на четирите средби на првиот турнир од АБА2-лигата на Златибор, на кои имаше просек од 13,5 поени и 5,8 асистенции, додека не беше на посакуваното ниво во Првата лига со просек од 6,3 поени и 3,7 скока.

Нашиот тим веднаш почна да бара уште подобро засилување на позициите „два“ и „три“ , со цел да имаме уште поквалитетен ростер за остварување на зацртаните цели, а тоа се триумф во двете домашни натпреварувања и борба за пласман во АБА-лигата.